Средба Заев-Хан: Повторена заложбата Северна Македонија годинава да добие датум за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Потврда за заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија беше изразена на денешната средба на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, која се одржа во австриската област Вахау.

Премиерот Заев на средбата, која како што соопшти владината прес-служба минала во исклучително позитивна атмосфера, истакна дека добивањето датум за преговори е особено важно за земјава, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.

-Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе две години вредело, истакна Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.

Слични содржини