Средношколците го прекинаа бојкот ама си ја продолжија ли учебната година ?

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Средношколците го прекинаа бојкотот , и од понеделник треба да се вратат на настава.Испуштени се кај сите по 22 дена од наставата од што е пореметен планот за работа и не се реализирани сите наставни единици.По закон  училиштата мора да го спроведат наставниот план и програма- единствен излез за спроведување на истата е продолжување на учебната година.

srednoskolci_5

 

Директорите на скопските средни училишта во кои учениците изминатиов период ја бојкотираа наставата, испратиле до градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, барање за продолжување на наставната година.

 – Како надлежен за средните училишта на Град Скопје, ви се обраќаме со барање да ни помогнете наставната година да се продолжи и сите изгубени денови на овој начин да се одработат. Исто така во името на активот на директори на средните училишта на Град Скопје , бараме да бидеме вклучени во работни групи за изготвување и донесување на измени на Законот за средно образование, посочуваат директорите од средните училишта “Здравко Цветковски”,  “Никола Карев”,  “Георги Димитров”, “Орце Николов”, “Јосип Броз Тито” и “Раде Јовчевски Корчагин”.

mkd-177440

Со оглед на тоа што одлуки за продолжување на учебната година и менување на анставните планови носи МОН , градоначалникот на Град Скопје ваквото барање го проследил до министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми. наставната година. Одлуката како и во која насока ќе се бара решението и ќе дискутира на седницата на Град Скопје ,  закажана за следната недела.