259
Средношколците попладнево излегоа на масовен протест против онлајн наставата пред Министерството за образование и наука.
-Не се проблем преполните плажи и кафулиња, каде не се почитуваат мерките, но проблем и е отворање на училиштата. Немаат сите семејства имаат услови за да им обезбедат онлајн учење на децата. Или донесете одлука за комбинирано учење или ќе излеземе на бојкот, изјави лидерот на средношколскиот сојуз Бленди Ходаи.
Детската амбасада Меѓаши денеска преку соопштение изрази поддршка на напорите на средношколците да бидат слушнати и вклучени во донесувањето одлуки поврзани со начините на изведување настава во учебната 2020/2021 година.