Среќната вест ја задржаа за себе: Кери Малиган го роди своето трето дете

од Vladimir Zorba
184 прегледи

38-годишната актерка Кери Малиган во своето последно интервју потврди дека таа и нејзиниот две години помлад сопруг, музичарот Маркус Мамфорд, го добиле своето трето дете. Работејќи на интервју, како и на насловната страница на ноемвриското издание на Вог, актерката која глуми во филмот „She Said“ потврди дека нивното семејство се проширило за уште еден член.

Во текстот, новинарката напишала дека во моментот на нивната средба и интервју, поминале шест недели откако Малиган го родила своето трето дете, опишувајќи ја сцената на нејзиното влегување во едно лондонско кафуле со дамка на нејзината кошула предизвикана од протекување od пелената на бебето.

Во јавноста не се откриени други детали, за полот или името на бебето. Она што е познато е дека парот веќе ги има ќерката Евелин Грејс (7) и синот Вилфред (5).

Кери Малиган и Маркус Мамфорд беа во врска само пет месеци кога се верија во август 2011 година, а потоа се венчаа во април 2012 година на фарма во Англија, каде беа поканети околу 200 гости, меѓу кои Сиена Милер, Џејк Гиленхал и Колин Фирт.

Слични содржини