741
Српската министерка за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денес изјави дека се чувствува одлично откако утрово ја прими вакцината на „Фајзер“ против ковид-19.
Во Крагуевац, откако им ги предаде клучевите од автомобилот на добитниците на наградната игра „Земи сметка и победи“, таа рече дека е среќна што е со победниците и дека се чувствува одлично откако ја примила вакцината.
Утрово, премиерката Ана Брнабиќ беше прва во Србија што ја прими вакцината против ковид-19 во Институтот „Торлак“, а веднаш потоа следуваше министерката Кисиќ.
Во вторникот, во Србија пристигнаа 4.875 вакцини на „Фајзер“.