
Српската опозиција оцени дека најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека шансите за предвремени општи избори во земјата се 50-50, претставува манипулација на власта.
Лидерот на Движењето на слободните граѓани, Саша Јанковиќ, кој на последните претседателски избори освои најмногу гласови по Вучиќ, оцени дека ваквите најави се поради „страв“ на властите од губење на локалните избори во Белградили пак свртување на вниманието од непријатните пораки на американскиот помошник државен секретар Хојт Брајан Ји.
– Отворањето на оваа тема веднаш откако Владата на премиерката Ана Брнабиќ, која е избор на Вучиќ, одбележа 100 дена, е најдобра потврда дека Српската напредна партија (СНС) ги губи изборите во Белград, изјави Јанковиќ.
Според него, владејачката СНС е свесни дека ќе загуби на изборите за членови на Градското собрание на Белград. па се обидува да ја дефокусира политичката тежина.
– Ќе распишат и референдум за измена на Уставот и избори за избор на песна за Евровизија, и сето заедно само за да ги обесмислат единствените избори кои според законот треба да ги имаме и каде можат да загубат, смета Јанковиќ/
Според лидерот на Демократската партија (ДС), Драган Шутановац најавата за предвремени парламентарни избори преставува обид на власта за свртување на вниманието на јавноста од пораките на американската администрација.
Десничасркото двиѓење Двери оцени дека иако власта тврди дека нема потреба од предвремени избори, таа чуствува потреба за „матење на состојба и уцени на коалициониските партнери, поради лошиот рејтинг во Белград, а најмногу поради дигање раце од жешкиот костен – Косово“.
Чедомир Јовановиќ од Либерлно демократската паерија (ЛДП) оцени дека е несериозно на секои две години да се одржуваат избори, а да не може да објасни зошто се распишуваат.
– Колку држи аргументот на власта дека тоа го прави, бидејќи опозицијата ја критикува. Па тоа и е работа. Не очекуваат белким да им аплаудираме, изјави Јовановиќ.
Вчера шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кој е лидер на Социјалиситчката партија на Србија (СПС), втората по големина партија во владината колаиција, изјави дека може да се очекуваат предвремени избори, доколку „некој изјави дека Александар Вучиќ стравува од нив“.
Вучиќ деновиве повеќепати изјави дека доколку бидат распишани парламенатрни избори, тие ќе се одржат заедно со белградските локални избори предвидени за во февруари или во законскиот термин во март наредната година.
Неговата СНС се залага за предвремени парламентарни избори, иако Вучиќ вели дека тој „лично не е за тоа“. – Неделава ќе продолжиме во партијата да расправаме на оваа тема, изјави Вучиќ.