Српската премирка ја прими втората доза на вакцината, ги повика граѓаните да го сторат истото (фото)

од Nikola Popovski

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја прими втората доза на вакцината „Фајзер“ против коронавирус.

Брнабиќ беше ревакцинирана на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, каде што ја доби и првата доза на вакцината, на 24 декември, како прва во Србија, но и како прва премиерка во Европа.

 

„Верувам во вакцината и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го сторат истото, бидејќи со заеднички напори можеме да победиме “, соопшти премиерката на Србија на својот Инстаграм профил.

Вакцината се дава во две дози, така што Брнабиќ сега го заврши процесот на имунизација.

Слични содржини