Српски државјанин фатен со пиштол и муниција во Велес

од Nikola Popovski
337 прегледи

На 12.12.2022 во 15.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(37) од Република Србија, со престој во Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини