Српски државјанин е уапсен во Македонија по потерница на УНМИК

од Nikola Popovski
245 прегледи

Државјанин на Србија, Д.М. (52), раселено лице од Приштина, е уапсен вчера во земјава, за наводно воено злосторство извршено во Косово, според налогот на УНМИК, дознава „Косово онлајн“.

Одреден му е мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурниот судија е однесен во затворот во Куманово.

Тој бил уапсен откако ја преминал границата, а тој и неговата сопруга се упатила на одмор во Охрид.

Адвокатот на уапсениот Д.М. побарал неговиот клиент да биде пуштен на слобода, а тој самиот ги негирал сите детали во обвинението, каде е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Жалбата против решението за екстрадиционен притвор е дозволена во рок од 48 часа.

Слични содржини