Илија Јурковиќ (24) беше голема надеж на шведскиот фудбал, а сега ќе биде во затвор 11 години. Тамошниот суд го осуди за обид за убиство, киднапирање и уште неколку кривични дела. Заедно со него беа уапсени уште седум лица. Полицијата ги прислушкувала нивните мобилни телефони, а токму преку нив Јурковиќ и неговите пријатели договориле кривични дела, вклучително и убиство на млад човек, наводно од друга банда, која според нивните информации стои зад убиството на пријател на Илија.
Иако е роден во Шведска, неговото семејство е од Србија. За Швеѓаните тој играше во репрезентативниот дрес на помлада возраст (У-17 и У-19), а го носеше и дресот на АИК. Тој наводно го избрал „погрешниот пат“ откако се повредил во 2014 година. Тој ги скина лигаментите и за време на долгата пауза се поврзал со сомнителни лица. Јурковиќ беше уапсен неколку пати од 2017 до 2019 година за носење оружје, а тој веќе двапати беше во затвор. Колку длабоко „заглавил“ покажува и фактот дека во еден момент додека седел во градот на клупа, дошол непознат напаѓач и започнал да пука кон него.
– Седев на клупа во центарот кога се приближи еден човек и почна да пука кон мене со огнено оружје. Добив шест куршуми во нозете и еден во раката – рече Јурковиќ во интервју.
Набргу потоа, беше убиен негов близок пријател. Тогаш Јурковиќ играше во Васалундс и имаше одлични игри, но потоа сè тргна во погрешен правец.
– Само престанав да играм, никому не реков. Јас дури и не го повикав управителот. Бев фокусиран на други работи. Одлучив да се по*ерам на фудбалот и тоа ме чинеше, посочува тој.
Јурковиќ, исто така, учествуваше во киднапирањето на рапер, кој се замерил со Ламури, шефот на бандата, а покрај тоа, Србинот требало да го организира споменатото убиство и да ја намали цената на платениот убиец кој барал 150.000 евра, додека бандата била подготвена да плати „само“ 100.
Полицијата, исто така откри дека тој бил одговорен за магацинот во станот каде биле пронајдени две автоматски пушки, седум гранати, 7,2 килограми динамит, придушувачи и стотици парчиња муниција.