Српски кардиолог предупредува: Ковид инфекцијата може да остави трајни последици на срцето

од Aleksandar Petrovski
386 прегледи

Коронавирусот може да остави трајни последици врз срцето, покажаа кардиолошки прегледи на пациенти кои прележале ковид 19. Срцеви проблеми може да се појават дури и кај оние пациенти кои имале поблага клиничка слика на ковид инфекција.

Раководител на Клиниката за кардиологија КЦС проф. Драган Симиќ вели за Танјуг дека во последно време имале прилив на пациенти со почетни проблеми со срцето кои биле заразени со вирусот на корона.

– Имаме пациенти кои имаат лесна форма на ковид 19, кои се опоравија и сега имаат проблеми – брз замор, малаксаност, чувство на скратен здив. Испитувањата покажаа дека кај одреден број на овие лица има мали проблеми во функција на левиот коморен миокард, а кај одреден број на луѓе откриваме позначајни проблеми кои не се очекувани на некој начин – наведува тој.

Првите резултати од студиите во светот, кои навистина беа направени на помал број пациенти, покажаа дека 30 до 40 проценти од пациентите кои прележале корона имаат проблеми со срцето.

Една неодамнешна студија од клиниката во Франкфурт покажа дека 36% од пациентите кои закрепнале и го надминале ковид 19 сега имаат проблем и срцева слабост.

– Магнетната резонанца на срцето покажува промени кои укажуваат на воспаление на срцевиот мускул, што ги гледаме кај пациенти кои преживеале коксаки миокардитис – вели Симиќ и додава дека затоа е важно пациентите кои прележале корона да бидат набљудувани подолго време.

Не секој што имал корона, ќе има кардиоваскуларни проблеми, но има податоци кои укажуваат дека третина може да ги има овие проблеми. Ова ги изненади и лекарите затоа што пациентите кои биле следени немале драматична форма на инфекција со ковид 19.

Нашиот соговорник вели дека е важно откако короната е прележана најмалку три до шест месеци, излечените пациенти не се изложени на тежок физички напор, можни се само лесни прошетки.

Симиќ забележува дека сè уште не се знае за вирусот корона, дека е различен од сите вируси од таа група.

– Веројатно ќе ни треба повеќе време за да го разгледаме подобро и да го совладаме. Се вложуваат огромни пари, се прават студии во светот, се дијагностицираат и се следат – истакна тој.

Тој забележува дека покрај респираторните проблеми, вирусот може да предизвика и гастроинтестинални, невролошки проблеми, но и промени на кожата.

Слични содржини