Министерот за здравство Венко Филипче при вчерашната посета на Белград, соопшти дека српските државјани ова лето во знак на благодарност за донираните вакцини ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во земјава.
-Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и према Грција, изјави вчера министерот за здравство.
Оваа информацијата стана една од главните теми во српските медиуми.
Еве дел од насловите: