Српски министер предложи да се сруши училиштето во кое беше извршено масовното убиство

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Министерот за економија на Србија, Раде Баста, предложи да се сруши основното училиште „Владислав Рибникар“ каде ученик изврши масовно убиство на 3 мај.

„Повикувам на единство на власта и опозицијата да се изгради спомен-парк за жртвите од училиштето на местото на училиштето за да остане нивниот спомен засекогаш“, напиша Баста на Инстаграм.

Тој побара „да се урне сегашното училиште, а некаде во близина да се изгради ново училиште“.

На Инстаграм го објави и насловот на веста од РТС во која член на Советот на родители вели дека децата сакаат да се вратат на училиште, но не на тоа место.

Слични содржини