Српски вирусолог: Вакцинираните лица можат да го шират вирусот, така е со секоја вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
726 прегледи

Вирусологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер, денес изјави дека вакцинираните против коронавирусот можат да ја шират инфекцијата, но додаде дека тоа е случај со секоја вакцина.

„Вакцинираните лица можат да го шират вирусот, но тоа не е специфичност само на оваа вакцина – се однесува на сите вакцини. Сите сме вакцинирани против туберкулоза, но сите амбуланти се полни“, изјавил Шеклер за ТВ Прва.

Тој посочи дека ниту една вакцина не штити 100 проценти од инфекцијата, но дека вакцинираните лица имаат помали шанси да се заразат, а кога тоа ќе се случи, инфекцијата е блага.

На прашањето дали смеат да се вакцинираат лица алергични на пеницилин, Шеклер одговори дека смеат бидејќи, како што додаде, алергијата на пеницилин не е контраиндикација за вакцините против коронавирус регистрирани во Србија.

„На вакцините пишува дека е можна контраиндикација кај луѓе кои имале алергии на вакцината или на некоја состојка од истата, но не и на пеницилин“, потенцира тој, пренесува „Бета“.

Слични содржини