Култниот српски актер и режисер Љубиша Самарџиќ ја води најтешката битка – онаа за својот живот, пишува весникот “Политика”.

Според информациите, Самарџиќ уште не може да се опорави по сложената операција на мозокот, која ја претрпе во декември минатата година и покрај напорите на лекарите, атоаз никој не дава прогнози за оздравувањето
Српската ѕвезда сепак не сака општеството да се занимава со неговите проблеми, поради што блиските даваат оскудни информации за здравствената состојба.
Целото семејство на 80-годишниот Самарџиќ, сопругата, ќерка и внуците наизменично се крај неговиот кревет. Љубиша Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година во Скопје.
Тој дипломирак на белградската Академија за драмски уметности и ја започнува својата актерска кариера во театар “Ателје 212” во Белград.
Како актер кој требал да игра на филм го открива словенечкиот режисер Бојан Ступица. Филмското деби е во 1961 година во “Игри над реката”. Во кариерата снимал над 120 филмови и серии. Голема популарност му носи главната улога во хит ТВ серијата “Топол ветер”.