Српскиот министер Старовиќ во посета на Македонија

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјала Немања Старовиќ денеска ќе ја посети Северна Македонија по повод одбележувањето на Брегалничкта битка од Втората балканска војна (1913).

Министерот Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на полагање венци и одавања на највисоки државни и воени почести по повод 111-годишнината од Брегалничката битка на ридот Каленица во Штип, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Старовиќ пред почетокот на одбележувањето на државната церемонија ќе положи венец во Спомен – костурницата посветена на Св. Стефан Дечански во Долно Караслари кај Велес.

Истиот ден, Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на положување венци во Спомен-криптата костурница посветена на српските војници загинати во Втората балканска војна во селото Цер.

Слични содржини