
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, рече дека се залага за разграничување меѓу косовските Албанци и Србија што е можно поскоро.
„Откако границата ќе биде потврдена, ние ќе можеме да ја браниме“, рече тој, пренесува државнаа „Радио и ТВ Косово“ (РТК).
Во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“, во кој тој ги нарекува Албанците „шиптари“, Вулин зборуваше и за опасноста од Голема Албанија.
„Голема Албанија е веќе воспоставена. Прашањето е колку делови од други земји ќе бидат вклучени. Со пристапувањето на Северна македонија во НАТО, сите Албанци, освен оние во две српски општини, ќе живеат во единствена безбедносна зона и во политичкото пространство на НАТО. А животот на сите Албанци е управуван од Тирана“, истакна српскиот министер.
Ако се донесе решение Косово да биде поделено, според зборовите на Вулин, граѓаните ќе треба да го потврдат тоа на референдум.
На прашањето што ќе се случи со многуте Срби, кои ќе останат на територијата на независно Косово, тој одговори: „Едноставно сакам разграничување со косовските Албанци“.
„Мислам дека најдобро решение е разграничувањето. Ако го направиме тоа, по договорот ќе имаме повеќе можности да им помогне на Србите кои живеат на територии со албанско мнозинство, отколку денес што можеме да им помагаме на оние кои живеат на територии со српско мнозинство во Косово“, изјави Вулин.
„Колку побрзо се одвоиме од Албанците, толку побрзо ќе почнеме да живееме. Ако не го сакаме тоа, ќе добиеме цело независно Косово“, изјави Вулин.