Српските фудбалери добија премија од 1.000.000 евра

од Nikola Popovski
336 прегледи

Еден милион евра се уплатени на сметката на Фудбалската федерација на Србија поради пласманот на популарните „Орли“ на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ пред заминувањето на српската фудбалска експедиција во Лисабон вети премија од еден милион евра за пласман на Светското првенство.

Србија успеа во таа намера, со головите на Душан Тадиќ и Александар Митровиќ обезбеди билет за Катар, а ден подоцна ветеното и се исполни.

Според информациите на „Блиц“, на сметката на Фудбалската федерација на Србија била уплатена сума од еден милион евра, а одлуката за трансфер на пари била донесена на седницата на Владата на Србија.

Слични содржини