Од 8 мај до денеска граѓаните на соседна Србија предале околу 13.500 парчиња оружје и околу 2.000 парчиња разни мини и експлозивни направи.
Во градот Дуваниште, на изложбата на нерегистрирано оружје и муниција, може да се забележи дека меѓу оружјето предадено во полициските станици имало околу 1.750 различни рачни бомби, гранати и рачни фрлачи, пренесе „Бета“.
Граѓаните од 8 мај до 8 јуни можат да го предадат нерегистрираното оружје и распрскувачките материи во најблиската полициска станица без да имаат какви било криминални или други последици.
Дозволено е и да повикаат полиција за преземање нерегистрирано оружје и мини експлозивни направи, а може да се предаде и легално оружје.
Во тој период, како што претходно соопшти српското МВР, граѓаните не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.
Акцијата беше покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево, во кои загинаа 17 лица, а 21 беа ранети.