Српските хеликоптери испуштиле 25 тони вода за да се изгасат пожарите во Македонија

од Nikola Popovski
698 прегледи

Хеликоптерите на српското Министерство за внатрешни работи, кои беа ангажирани за гаснење на пожарот во селото Дренак, Кумановско, од утрово имале 21 налет и испуштиле околу 25 тони вода.

По наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испратени беа четири хеликоптери на Министерството за внатрешни работи за да им помогнат на колегите од Македонија и населението.

-Пожарот е изгаснат со три противпожарни хеликоптери, од кои два се „бели“ и Х-145, додека четвртиот „газела“ се користи за извидување и насочување, соопшти српското МВР.

Слични содржини