Српско-хрватско сценарио за омраза: Грозни напади врз источноевропејците на Островот

од desk3
146 прегледи

 

“Кога зборувам надвор на бугарски, очекувам некој да ми се развика дека треба да си заминам”, вели една Бугарка, која живее во Јужна Англија. И навистина: по референдумот грдите напади врз странци силно зачестија- пишува DW.

0,,19359968_303,00

Во неделата наутро соработниците на Полската социјална и културна асоцијација (POSK) се соочуваат со грдо изненадување: на влезот на нивната канцеларија, која се наоѓа во лондонскиот кварт Хамерсмит, непознати лица снапишале со спреј националистички слогани. И ова не е единствен случај: во едно училиште во Хантингтон беа расфрлани летоци со натпис “Надвор од ЕУ!” и “Доста полски паразити!”. Луѓето кои живеат наоколу, исто откриле слични флаери пред вратата.

“Источноевропејка сум и сето тоа сериозно ме загрижува. Тука си изградив втора татковина, но кога зборувам надвор на бугарски, очекувам некој да ми се развика дека треба да си одам. Или нешто уште полошо”, вели Бугарката Ана Петрова, која живее од три години во Јужна Англија.

Длабок раскол
И навистина: по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ полицијата регистрира силно зголемување на ксенофобичните манифестации. Бројот на поднесените жалби е зголемен за 57 проценти во споредба со последните податоци од пред референдумот. Информации за грди напади врз странци циркулираат и во социјалните мрежи.

0,,19361615_401,00

Ксенофобичната агресија е насочена главно против странци кои доаѓаат од земји-членки на ЕУ. Но со омраза се соочуваат и Британци со потемна боја на кожата. Само еден пример: новинарката Зима Кочена од ББЦ беше наречена “валкана пакистанка”.

“Нападите се насочени главно против Источноевропејци. Но исто така против муслимански жени и деца. Општеството ни е загрозено од раздор. И ќе бидат потребни многу време и работа, за да го надминеме овој раскол”, вели Лиз Фекет која раководи британскиот Институт за расни односи.

Германците се против зајакнувањето на источниот крило на НАТО

Многумина го сметаат ваквиот развој како природен резултат од исполнетата со омраза предизборна кампања, во која темата за миграцијата беше една од централните. А сега, по референдумот, поларизираната реторика продолжува да е на дневен ред. “Да, изборната борба пред референдумот дефинитивно го разгори расизмот – тоа е факт. Факт е сепак, исто така, дека и пред тоа во Велика Британија имаше расизам”, вели публицистот Даниел Трилинг и додава: “Поддржувачите на Брексит изградија предизборната борба врз безброј расистички митови – на пример дека Турција требало да стане членка на ЕУ и тогаш Турците ќе сакале да не претопат. Но противниците на Брексит исто се залагате спорни позиции. Не друг, туку владата на Камерон усвои новиот закон за имиграцијата. а самиот Камерон зборуваше за “глутница” од бегалци во Кале “.
“Оваа омраза е одвратна”

На почетокот на оваа недела премиерот Дејвид Камерон остро ги осуди ксенофобичните инциденти, а градоначалникот на Лондон Садик Кан инсистираше за нулта толеранција за расистичките манифестации и нивните поттикнувачи. “Оваа омраза е одвратна. И треба да сме свесни дека без разлика во која насока ќе тргне нашата земја, никој нема интерес од нетолеранција и поделба на општеството. Крајно време е да се концентрираме на она што не сплотува, а не на она што нè одвојува “, вели во оваа насока Ник Лоулес, директор на антирасистичката организација” Hоpe Not Hate “.

“Смрт на предавниците! Слобода за Британија!” – Тоа го извика во судот атентаторот кој неколку дена пред референдумот ја уби пратеничката од Лабуристичката партија Џо Кокс. Реден пример за длабоката поделеност во британското општество.

“Покрај оваа изборна борба расизамот зазеде пат во нашата земја. Имаме потреба од ефикасен одговор од страна на полицијата. И од страна на политичарите. Со својата улична реторика тие само ги надуваат едрата на расизмот, а политичарите, кои одржуваа кампањата за излез од ЕУ, носат посебна одговорност за тој загрижувачки развој “, заклучи директорката на Институтот за расни односи Лиз Фекет.