Српското МВР негира дека за време на протестот бил употребен звучен топ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Звучниот топ не е употребен, соопшти МВР по тврдењето на студентите во блокадата и опозицијата дека звучниот топ бил употребен кај СКЦ во момент кога насобраните на протестот им оддавале петнаесетминутна почит на жртвите од масакрот во Нови Сад.

– Министерството за внатрешни работи (МВП) најодлучно ги демантира дезинформациите што се појавија во некои медиуми дека на вечерашниот протест бил употребен звучен топ. МВР никогаш не користело, ниту користи средства кои не се предвидени со закон. Полицајците денеска и покрај нападите врз нив, не ги извадија ниту палките, а камоли да употребат незаконски средства, велат од МВР.

Слични содржини