
Инаку веста е дека целиот персонал на абасадата на Р. Србија во Скопје е повикан на итни консултации во Белград , а тоа било наведено и во нотата на српското МНР кое ја пратило до македонските колеги, но во нотата не биле наведени причините за овој чин.
Согласно релевантните одредби на женевската конвенција Амбасадорката ги замолила македонските власти , соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје
Од МВР потврдија дека се презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на зградата на Амбасадата на Србија во Скопје.
Од МНР на Република Македонија вечерва соопштија дека не се запознаени со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка.