ССМ за „Локално“: Процентуалното зголемување на платите ќе направи раздор во секторот образование

од Берта Китинска
305 прегледи

ССМ нa 1 –ви Мај излегува на протест, а главното барање кое ќе го упати до надлежните е најмалку 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор вклучително од општиот работник до претседателот на Државата.

-Бараме од Владата потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор во кој ќе биде регулирано зголемувањето на платата како и враќање на изгубеното право на к-15, а истото го бараме и од Организацијата на работодавачи за потпишување на Општиот колективен договор за приватниот сектор.Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, велат во разговор за „Локално“ од ССМ.

Оттаму посочуваат дека протестот е организиран затоа што не се задоволни и бараат:

  • Повисоки плати ,скалесто усогласување на платите со порастот на минималната плата , намалување на сиромаштијата
  • Поголем број одржливи работни места , пристојна работа , здрави и безбедни услови за работа , социјална сигурност.
  • Почитување на човековите права и достоинство без дискриминација .
  • Бараме наше активно учество во креирање на националните политики и стратегии, по пат на социјален дијалог .
  • Бараме уредување на нашите права од работен однос со колективни договори како акти во чие донесување активно , стручно и посветено учествуваме затоа што ние тоа го можеме .
  • Бараме нов ЗРО и инсистираме работно правното законодавство во државата да биде усогласено со европското и светското законодавство.

Од ССМ појаснуваат дека протестот има за цел да ги предупреди работодавачите и владата дека се незадоволни од нивниот игнорантски однос кон синдикатите и работниците , заради кој се чувствуваме запоставени и оставени на маргините на општеството.

Во врска со штрајкот на СОНК, oд синдикатот посочуваат дека штрајкувачите не се до крај информирани за законските одредби за организирање на штрајкот.

-ССМ е репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер во државата , а со тоа и учесник во креирањето на националните политики и стратегии . Истовремено ССМ се залага за развој на синдикалниот плурализам во државата . Од тој аспект ги поддржуваме сите легални активности на другите синдикати за заштита и унапредување на работничките права. При тоа цврсто стоиме на ставот дека при организирање на штрајк членството треба да биде целосно информирано за сите законски решенија во поглед на постапката на штрајкот и правата и обврските на учесниците во штрајкот. Очигледно е дека во СОНК , штрајкувачите не докрај биле информирани за законските одредби за организирање на штрајк посебно кога се работи за правото на плата и надоместоци за време на штрајк.Тоа негативно се одрази врз текот на настаните , а се работи за дејност – образование каде негативни ефекти ги чуствуваат и учениците како дел од образовниот процес , проблеми имаат и родителите за згрижување на деца во градинките , штрајкот во оваа дејност мора да биде сериозно осмислен , организиран и ефикасно воден за да се избегнат големи негативни последици врз сите засегнати , велат од ССМ.

Оттаму велат дека покачувањето на платите ќе направи раздор во секторот образование.

-Што се однесува до барањето на СОНК за процентуално зголемување на платите во овој сектор, ССМ јасно го изрази својот став дека во услови на економска , здравствена и енергетска криза сите треба да покажеме солидарност и ССМ во своите барања се залага за линеарно покачување на платите на сите вработени за износ од 2806 денари колку што изнесува порастот на минималната плата. Процентуалното зголемување на платите ќе направи раздор во секторот образование , затоа што на овој начин носечкиот кадар – наставниците , воспитувачите и др работници кои и впрочем во најголем дел учествуваа во штрајкот ќе добијат помало покачување од раководниот кадар , сметаат од синдикатот.

Во врска со штрајкот на матичните служби, од ССМ напоменуваат дека штрајкот е легитимен начин на борба за работничките права и треба да следи по исцрпување на можноста за решавање на проблемите по пат на социјален дијалог и договор помеѓу страните во еден разумен временски рок .

Од Синдикатот велат дека синдикатите секогаш трпеле притисоци , појаснувајќи дека колку синдикатот е поброен , поорганизиран и оспособен за остварување и заштита на своите права и својата положба во општеството тој има поголема сила и моќ да одолее на притисоците и да ја води својата борба за работничките права.

-Што се однесува за пропаѓањето на протестот на КСС, кои биле притисоците и од кого врз КСС поради што пропадна нивниот закажан штрајк до сега јавноста не е известена . Според најавата на КСС очекуваме тие да ги објават своите факти и докази , затоа што притисоците врз синдикатите се основ за одговорност согласно закон .Синдикатите се неполитички организации , според националното законодавство и меѓународните трудови стандарди тие се самостојни и независни организации за заштита на економско – социјалните права на работниците. Притисоци и обиди за влијание врз синдикатите постоеле од секогаш и ќе постојат , но колку синдикатот е поброен , поорганизиран и оспособен за остварување и заштита на своите права и својата положба во општеството тој има поголема сила и моќ да одолее на притисоците и да ја води својата борба за работничките права . Воедно одлика на демократските држави и општества покрај другото е и целосна слобода на синдикалното здружување и организирање во насока на унапредување на социјалниот дијалог како облик за креирање на развојните политики во државата. Во овој правец треба и мора да се стреми и нашата држава , велат од ССМ.

Б.М.

Слични содржини