На барање на ССНМ синоќа до средба помеѓу посредникот во преговорите за излез од политичката криза и спроведување на договорите од Пржино, именуван од ЕУ, Питер Ванхојте и делегација на раководството на Синдикатот на новинарите и медиумските работници.

Во разговорот посредникот беше запознат со моменталната ситуација со синдикалното организирање во медиумите и со проблемите кои ги има Синдикатот во таа насока. Беа констатирани некои наши барања и беше разговарано за начините на кои може да се помогне преку влијание во тековните преговори за поглавјето за медиумите.
И во оваа прилика ССНМ предупреди дека состојбата со слободата на новинарите во смисла на нивната егзистенција и права од работен однос во медиумите, е многу лоша и дека, генерално, постои одбивност на сопствениците на медиумите за синдикално организирање на новинарите, како и закани за нивниот работен ангажман доколку се изјаснат за членови на ССНМ, поради што Синдикатот се соочува и со т.н. тајни членови – феномен, незамислив за модерно демократско општество во 21-виот век ССНМ на средбата ги поддржа предлозите на ЗНМ за надминување на проблемите инсистирајќи тие да не бидат сведени на краткорочни решенија и кадровски пазарења, а меѓу другото побара и:
1. ССНМ, како единствен вистински заштитник на работните права на новинарите и медиумските работници на ниво на гранка, да биде застапен со свој членови во Програмскиот совет на МРТВ и во Советот на Агенцијата за медиуми.
2. Се залагаме за дополнително зацврстување на уставната и законските гаранции дека синдикалното организирање е слободно и никој не може да трпи последици од таквата активност, конкретно и во медиумите, преку измена и дополнување во Законот за медиуми, конкретно членот 9 од Законот, каде што би се вградила ваква цврста гаранција за основното право на вработените во медиумите.
3. Бараме од политичките партии и во власта и во опозицијата и писмено да се обврзат (во форма на декларација, повелба, итн.) дека ќе се залагаат да обезбедат законски услови (пристапување и поттикнување на социјалниот дијалог и прагот на минималната плата во дејноста) и политичка клима за почитување и вреднување на трудот на новинарите и другите медиумски работници, се вели во соопштението на ССНМ