Стаменковски: Планот на Курти ја загрозува стабилноста на целиот Балкан

Ѓурѓевиќ Стаменковски нагласи дека постапките на „самопрогласените власти во Приштина не се изолирани инциденти, туку координирана и планирана акција во соработка со нивните покровители во регионот

од Vladimir Zorba
33 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Министерката за труд, вработување, ветерани и социјални работи на Србија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски изјави дека планот на премиерот на Косово, Албин Курти, да издвои една милијарда евра за вооружување на таканаречената косовска армија и формирање заеднички единици со албанската армија претставува сериозна и опасна провокација, која ја загрозува не само безбедноста на Србите на Косово, туку и стабилноста на целиот Балкан.

Ѓурѓевиќ Стаменковски нагласи дека постапките на „самопрогласените власти во Приштина не се изолирани инциденти, туку координирана и планирана акција во соработка со нивните покровители во регионот, со јасна намера за зајакнување на воената компонента на антисрпската политичка оска што ја сочинуваат Загреб и Тирана“ преку наводните „договори за соработка во одбраната“, се наведува во соопштението на Министерството за труд, ветерани и социјални работи.

„Сведоци сме дека противниците на мирот во регионот повторно се собираат во сојузи и кампови против Србија и српскиот народ. Иако овие земји, освен таканареченото Косово, се членки на НАТО и имаат загарантирана безбедност, тие сè уште се одлучуваат за дополнителни воени договори. Ова покажува дека не станува збор за реални безбедносни потреби, туку за намера да се создаде политичко-безбедносен блок насочен против Србија“, истакна Ѓурѓевиќ Стаменковски.