Станчев: Бугарската реторика кон С. Македонија не се разликува од реториката на Путин кон Украина

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Красен Станчев од Клубот за бугарско-македонско пријателство пред БНТ изјави дека нема дипломатија меѓу двете земји, „бидејќи Бугарија поставува такви барања за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, кои не постојат како критериум за членство“.

„Бугарската реторика за Северна Македонија не се разликува од реториката на Путин во однос на Украина“, рече Станчев.

Во истата емисија на бугарската телевизија, претседателот на Граѓанско-демократскиот сојуз, Петар Колев изјави дека „Македонизмот е инструмент што го создале Русија и Коминтерната како орудие против Бугарите и Бугарија. Ова оружје, во некоја форма на меѓународната сцена, повторно се користи против Бугарија, само овојпат во ваква популарна реторика“.

Тој додаде дека е изненаден зошто Западот молчи за правата на Бугарите во Северна Македонија повеќе од две години.

Слични содржини