Станишев: Во ЕУ изгледаме чудни и неразбрани поради С.Македонија

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Најважно е сега да се бара излез од ситуацијата со Северна Македонија, изјави претседателот на Партијата на европските социјалисти и европратеник на Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП, Сергеј Станишев за „Дарик Радио“.

– Оваа ситуација е резултат и на неактивност од наша страна. Во ЕУ, ние изгледавме чудни и неразбрани, бидејќи во 2017 година се потпиша Договорот за добрососедство. Од тој момент поминаа 3 години. Што сме направиле ние во таа насока, ако имаме сериозни проблеми прво тие да бидат надминати, второ да ги информираме нашите европски партнери дека има проблем. Ние уште пролетта поддржавме почеток на преговори. Едвај во последниве 2-3 месеца овој проблем се појави со таков интезитет, вели Станишев.

Според него, во вакви ситуации се бара политичко лидерство.

„Треба да имаме доволно трпение, бидејќи ова е процес. Факт е сепак дека овие потези го засилуваат антибугарското расположение во Северна Македонија“, додаде тој.

Слични содржини