169
Портпаролот за надворешна политика на Европската унија, Петер Стано, денеска изјави дека високиот претставник Жозеп Борел ги повикал српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на средба во Брисел и дека датумот ќе биде објавен наскоро.
„Неколку пати кажавме дека ќе има средба меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Курти. Високиот претставник Жозеп Борел веќе ги покани да дојдат во Брисел. Точниот датум на средбата ќе биде објавен во догледно време“, рече Стано на прес-конференцијата.
Портпаролката на комесарот Вархеји, Ана Писонеро, потврди дека денеска еврокомесарот се сретнал со потпретседателот на Косово, Бесник Бисљими.