Стано: Курти да преземе мерки за итна деескалација, мерките на ЕУ стапуваат во сила веднаш

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека ЕУ очекува во вторник да се покаже дека нема деескалација на ситуацијата на Косово и дека мора да се стави крај на статус квото.

Тој на прес-конференцијата рече дека премиерот на Приштина, и покрај повиците на ЕУ, одбил да преземат чекори за деескалација, поради што е подготвен пакет мерки кои веднаш ќе стапат во сила.

„Дипломатијата продолжува, подготвивме предлози за мерки, тоа не се санкции, туку мерки кои веднаш ќе стапат на сила. Очекуваме Курти да преземе чекори за итна деескалација. Мерките ќе бидат привремени, ќе бидат укинати штом ситуацијата се смири“, рече тој.

Слични содржини