Портпаролот на Европската унија, Петер Стано изјави дека ЕУ е запознаена со вчерашното гласање на Србија на седницата на Комитетот на министри на Советот на Европа во врска со барањето на Косово за прием во таа организација, но ЕУ да се фокусира на она што се однесува на дијалогот меѓу Белград и Приштина, во кој тие посредуваат.
На прашањето на албанските новинари дали Србија со гласањето против кандидатурата на т.н Косово до Советот на Европа, прекрши една од клаузулите од Бриселскиот и Охридскиот договор, која се однесува на тоа дека Белград нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација, Стано рече дека Советот на Европа е посебна организација од Европската Унија, и дека Охридскиот договор се уште е во сила.
„Шпекулациите за потпишување на договорот се ирелевантни, постои политичка определба која е правно обврзувачка и двете страни се согласиле на тоа, а ова се наведува во изјавата на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жосеп Борел по дијалогот во Охрид“, рече Стано на конференцијата за новинари.