Портпаролот на ЕУ Петер Стано вели дека Србија се приклучила на дел од претходните одлуки на ЕУ во последните неколку недели, вклучително и оние за Крим, но дека за разлика од Северна Македонија и Албанија, Белград сè уште не е 100% усогласен со сите одлуки на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија.
„Очекуваме дека Србија постепено ќе ги почитува сите одлуки. Овде не се работи за економски интереси, ниту е прашање на избор, тука се работи за морални принципи. Санкциите на ЕУ се таму за да го спречат Путин да финансира агресија против независна и суверена земја и нејзините народи. Тоа се обидуваме да им го објасниме на нашите партнери од Западен Балкан и од целиот свет“, рече Стано.
Тој објаснува дека кога ЕУ ќе донесе некои санкции, земјите кандидати се поканети да се усогласат во период од неколку дена или неколку недели и дека поради сериозноста на ситуацијата во Украина, тој период треба да биде прашање на денови.