Стапуваат на сила новите царини на Трамп, за Кина 104 отсто

од Nikola Popovski
25 прегледи

Денеска стапија на сила новите царини наметнати од САД за земјите ширум светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.

Покрај високите давачки за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија и 20 отсто за сите земји од Европската унија.

САД ја зголемија царината за увоз на стоки од Македонија на 33%.

Според планот на Трамп, царините за кинескиот увоз првично беа поставени на 34 отсто, а со постојната царина од 20 отсто за Кина, ова ја донесе вкупната стапка на 54 отсто, пренесува АП.

Откако кинеските власти објавија реципрочни мерки, Белата куќа објави дека САД ќе ја зголемат вкупната тарифа за кинески увоз за уште 50 проценти – со што ќе ја доведат на вкупно 104 проценти.

Првата фаза од тарифните мерки на Трамп – основна стапка од 10 проценти на увозот од речиси сите американски трговски партнери – стапи на сила во саботата рано наутро.

Да се спуштат царинските стапки дури и до 0. Ова е она што може да го понуди македонската Влада и на тој  начин да проба да ја предомисли американската администрација да ја корегира новата повисока царина за увоз од Македонија. Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска вчера рече дека главните преговори ги води министерот за надворешни Муцунски и дека тој најдобро знае кога би можело да има  повратен одговор, иако очекува тоа наскоро да се случи, по што точно ќе се утврди како ќе се делува.

Слични содржини