„Нова Македонија“ е предлогот за кој ќе се разговара во Брисел на средбата на медијаторот Метју Нимиц со прествавниците на Македонија и на Грција, објави грчката телевизија „Стар“.
Во прилогот објавен во централните вести на телевизијата, се нагласува дека доколку Скопје се согласи со овој предлог ќе се отвори патот за решавање на прашањето за името во првата половина на 2018 година, како што најавија и премиерот Алкесис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас.
„Стар“ наведува дека првичниот грчки предлог бил „Вардарска Македонија“, но сега се дошло до предлогот „Нова Македонија“, како што било во 1992 година во т.н. пакет „Пинеиро“, што тогаш бил одбиен.

Последната формална рунда разговори на медијаторот на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014./MIA