Старателство во случајот со петгодишното дете – ЦСР Охрид доставил мислење иако му било укажано дека не е надлежен

Центарот за социјална работа во Скопје, кој е надлежен да даде мислење до судот за старателството на детето, смета дека тоа треба да остане со неговата мајка

од Nikola Popovski
8 прегледи

Директорот на Центарот за социјална работа во Охрид, Славчо Ристевски тргна по стапките на претходниот, разрешен директор Игор Еленчевски кој доби и кривична пријава од Министерството за социјална политика, демографија и млади затоа што не постапуваше и сакаше да ги изигра дадените инструкции, пишуваат од „А1он“.

Ристевски како и Еленчевски, и покрај тоа што му било укажано дека Центарот во Охрид не е надлежен и не треба да доставува мислење во судот за старателството во случајот со петгодишното дете, сепак изготвил и доставил мислење . Во ист ден доставил мислење дека малолетното дете треба да се даде на таткото, но и за да се заштити доставил и извештај дека постапува законски заедно со уште четворица членови, со тоа што го известуваа судот дека се ненадлежни за предметот. Ова се сфаќа дека од некоја причина позната за нив, морале да достават извештај, повторно негативен за мајката, иако и самите со известувањето потврдиле дека нивното мислење е ништовно.

Центарот за социјална работа во Скопје, кој е надлежен да даде мислење до судот за старателството на детето, смета дека тоа треба да остане со неговата мајка.