Старите пријатели на Ердоган се претворија во негови непријатели

од desk3
121 прегледи

 

 

Етнос – Атина

Не е за ликување ситуацијата на… тотален хаос денес во Турција, каде масовните прогони продолжуваат во внатрешноста на земјата, а геополитичките пукнатини се шират во однос на „надворешните“ лидери.

Од друга страна, за еден режим како оној на Ердоган, кој навикнал да профитира од тој хаос и политички да инвестира во него, сегашната ситуација би можела да се оцени и како идеална.

Во таквата ситуација, владината Партија на правдата и развојот неодамна прослави 15 години од своето управување.

0000313154-article2

Реџеп Таип Ердоган, макар и во теорија непартиска личност од август 2014 година, кога беше избран за претседател, беше главниот говорник на партискиот настан, организиран пред партиските канцеларии на организацијата во Анкара.

Говорејќи на прославата, каде беше пренесуван на огромен екран директно од Истанбул, Ердоган направи ретроспектива полна со мноштво пофалби за историјата на партијата, која тој „ја поистовети со судбината на земјата и народот од денот на нејзиното основање до денес“.

Веста „мина и си замина“ и не остави силен впечаток надвор од Турција. Но кажаното од Ердоган (а исто и избраното од него да не присуствува на партискиот настан) го покажува степенот до кој некогашната Турска република се претворила во нешто друго, сомнително демократско, но значително помалку секуларно и повече субјективно.

Партијата на правдата и развојот (АКП) не може да биде споредена со судбината на земјата и народот, како што тврди турскиот претседател. Де факто истата таа партија „ја адаптираше“ целата земја кон своите идеи, а тие идеи директно ги одразуваа личните политички амбиции на самиот Ердоган.

Во рамките на остварувањето на своите личи лидерски амбиции, султанот не се поколеба да објави „војна“ на многумина од своите некогашни соработници: на поранешниот премиер Булент Арнч, на поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, а исто и на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого денес го обвинува за непријател-терорист.

АКП го започна својот пат на 14 август 2001 година, како една, според нејзините основачи „конзервативна демократска формација со неолиберален дневен ред во економијата, со прозападни ставови и фокусирана на исламски намери“.

Таа беше создадена од Ердоган, Ѓул и Арнч – трите политичари кои работеа за Неџметин Ербакан, првиот исламски премиер на Турција.

Самиот Ердоган претходно преживеал „многу“ како исламист: превратот против Ербакан во 1997 година, распуштањето на исламистичката Патија на благосостојбата во 1998 година, а исто и распуштањето на исламската Партија на добродетелта во 2001 година.

Во 1999, тој престојува четири месеци во затвор (под обвинение за „поттикнување на религизона омраза“ за една стихотворба која тој ја кажа во свој говор).

Притоа Ердоган знаел дека за да се оттгрне од мрежите на секуларно длабоката држава ќе треба да го намали гласот во однос на својот исламски дневен ред, како и што го стори тоа. Дотичниот дневен ред остана малку настрана и по првиот триумф на Партијата на правдата и развојот во 2002 година.

Таа прва изборна победа во 2002 година требаше да даде сигнал за да бидат привлечени исламистичките кампови на Ердоган од една страна, и оние кои беа околу самопротераниот во САД проповедник Фетулах Ѓулен од друга, со цел формирање на еден заеднички фронт против кемалистичкото статус кво во Турција. Тој фронт се истакна во аферите „Ергенекон“ и „Чекан“.

Промената

Од 2003, кога Ердоган дојде на премиерската позиција (наследувајќи го Ѓул) и во следните скоро десет години, тој и Ѓулен во странство создаваа впечаток дека се меѓу нив е нормално. Но од 2011 година, и потоа, Ердоган постепено го смени својот облик… и коалиција.

Од 2013, и потоа, промените започнуваат да добиваат карактер на нетрпеливост. Султанот набрзина го врати исламскиот дневен ред, на кого дури му даде акцент и со насилно задушување на антивладините протести и фати курс кон претседателството, а со тоа истовремено предлага ревизија на турскиот устав.

Од тогаш, Ердоган започна да ги лишува од поддршка своите некогашни сојузници, кои се осмелија да му се спортивстават или да ја поткопаат неговата власт. Тој му објави војна на Ѓулен, заборави на мирот со курдите и ги истера од владата Ѓул, Арнч и Давутоглу.

Сега, 15 години по своето доаѓање на власт, Партијата на правдата и развојот доминира на политичката сцена, победувајќи на пет последователни избори, на три локални избори и во еден претседателски натпревар. Истата таа партија преживеа и по еден обид за преврат. Но за да стигне до тука, Ердоган изигра валкани игри на сметка не само на своите непријатели, туку и на своите пријатели.