Денес стартува кампањата за избор на градоначалник во Штип за петмината кандидати.
Сите беа едногласни и посочија дека во ова време е најважно здравјето на граѓаните, па оттаму, митинзи и собири по населбите нема да имаат.
Тие потенцираа дека нивните програми ќе ги презентраат преку медиумите, социјалните мрежи, билборди.
Кандидати за градоначалник се Симон Поликарп од Интегра-Македонска кознервативна партија, Сашко Николов од СДСМ, Трајче Митев независен кандидат, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце” и Лазар Наумов од партијата ТМРО.
Изборната кампања почнува од денеска, а ќе трае до 10 декември.Формирани се пет лекарски избирачки одбори за Штип, ковид болните и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг.