Стартува изборната кампања за локалните избори, гласањето ќе се врши со отпечаток од прст

од Берта Китинска
157 прегледи

Од денеска започнува кампањата за локалните избори закажани за 17 октомври.

Во градоначалничката трка ќе учествуваат 301 кандидат од кои само 26 се жени. За разлика од нив, на советничките листи сликата е поинаква. Од вкупно потврдени 567 листи за советници, мажите се застапени со 55,99% а жените со 44,01%.

На овие избори кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, кој се бори за втор мандат, е единствениот кандидат кој веќе има искуство како учесник во градоначалничката трка. На другите 11 учесници ова им е прв обид до дојдат до градоначалничката функција, а дел од нив се и релативно непознати за јавноста, како што има и лица кои се препознатливи од други области од општествениот живот, а не толку од политиката.

. Жестока трка во македонскиот политички блок ќе биде за Град Скопје помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Битка помеѓу социјалдемократите и десницата ќе биде и во Бутел, Аеродром, Центар и големите градови како Битола, Куманово, Велес, Охрид и Прилеп.

Во албанскиот политички блок, најжешкиот натпревар се очекува во Тетово помеѓу ДУИ и опозициската Алијанса за Албанците – Алтернатива. Иста слика се очекува во Чаир, Гостивар и Струга.

Поради Ковид пандемијата, активностите на учесниците во изборите и претставувањето на програмите во најголем дел ќе се сведат на неформални средби со граѓаните и поголема застапеност на социјалните мрежи.

За првпат во Македонија гласањето ќе се врши со отпечаток од прст или со уреди што ги откриваат папиларните линии на гласачите.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври.