Стартуваше градбата на далекуводот за енергетско поврзување на Македонија и Албанија

од desk4
455 прегледи

Почнува реализацијата на интерконективниот далекувод за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Италија. Изградбата на новата 400/110 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид која ќе биде поврзана на новиот далекувод од Битола до Елбасан ќе биде од големо,национално и регионално значење рече премиерот Зоран Заев
-Со оваа капитална инвестиција, испраќаме порака до сите сегашни и идни домашни и странски инвеститори дека се создадени услови за сигурен и доверлив пренос на електрична енергија. Изграбата на 400 киловолтниот интерконективен далекувод, Битола-Елбасан, значи комплетирање на енергетскот коридор осум, кој е составен сегмент од еден многу поголем и исклучително значаен проект, кој вклучува експлоaтација на енергетските ресурси од Кавказкиот регион и Централна Азија кон земјите од Западен Балкан и Италија, рече Заев.
Според премиерот со проектот ќе се обезбеди Со овој квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, но ќе се надминат и проблемите на мрежата во југозападниот дел на државата.
Заменик министерот за енергија и инфраструктура на Албанија, Илир Бејта, рече дека сето ова ќе донесе позитивни промени и можности за двете држави.

-Вака како што сме поделени,немаме премногу избор.Овој автопат на електрична енергија ќе ни овозможи да бидеме еден поширок заеднички пазар,кој ќе придонесе кон многу промени како во политиката и во пристапот со цел да имаме еден поширок регион со повеќе развој, со повеќе амбиции за да го одиграме и нашиот дел од улогата на пазарот на енергетика во Европа но имајки го пред се поефикасни извори на електрична енергија за нашите економии, рече Бејта .

Со овој проект, ќе се заврши и енергетското поврзување на земјава со сите соседи.Македонија засега има пет интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво. Две врски со Грција и по една со Србија, Косово и Бугарија Инаку во реализицјата на овој важен проект е вклучена и компанијата ВЕ-ВЕ Груп,кој во рамки на меѓународен конзорциум е консултант и надзор на целиот проект.

Слични содржини