Статистика: 319 нови случаи, 258 оздравени и еден починат

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (319) ,регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 258 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 20, Охрид – 15, Прилеп – 13, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Велес, Гевгелија и Струга – по 5, Кичево, Кочани, Тетово, Виница и Гостивар – по 3, Неготино, Радовиш, Струмица и Македонски Брод – по 2, Штип, Дебар, Пробиштип, Ресен, Крива Паланка, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од: Скопје ( 66г ), починато во болнички услови.

Слични содржини