Статистиката на новозаразени секојдневно расте се бараат построги мерки

од Берта Китинска
203 прегледи

Коронавирусот секојдневно се повеќе зема замав во државата. Вчера беа регистрирани скоро 1000 нови слуачи,а починаа 24 лица.

Неделна анализа ИЈЗ

Според извештајот на Институтот за јавно здравје зголемен е бројот на починати и на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија. За една недела  се регистрирани 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, што е зголемување од 22,2% во однос на минатата недела. Анализите се однесуваат на периодот од осми до четиринаесетти март, кога се направени  вкупно 22.625 тестови за коронавирус во земјата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во однос на возраста, 110 лица биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Прилеп бара построги мерки

Општина Прилеп бара полицискиот час во општината да трае од 19 часот па се до 05.00 наутро, а не како досега да почнува во 22 часот. Бараат ваквата мерка да трае во наредните две до три недели, затоа што во тој период се очекувал пикот на третиот бран на пандемијата. Инаку Прилеп е втор град во Македонија со најголем број на новозаразени, хоспитализирани и починати лица од Ковид-19. Ситуацијата е аларманта и крајно загрижувачка. Надлежните сметаат дека главна причина за ова се куќните дружби на граѓаните, опуштањето во работните организации, криењето на контактите, но и тоа што низ градот се шетаат лица кои се позитивни на Ковид-19.

„Сметаме дека оној период од 19 до 22 часот е можеби клучен кога имаме најголем број дружења, собиранки, посети. А ако се земе во предвид дека дружењето на граѓаните е право пропорционално со бројот на заболени, сигурно дека овој број на заболени ќе се намали“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Министерот за здравство Венко Филипче за денеска  закажа прес-конференција на која, најверојатно, ќе бидат соопштени одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.

Слични содржини