Пуштаат во продажба “свеж воздух во шишиња” во загадени области на Кина

од desk3
77 прегледи

На страдалниците од смог жители на Кина им понудија да подишат “чист новозеландски воздух по 17 центи на вдишување”, пишува The South China Morning Post.

image_5906062_126

 

“Спакуван рачно чист, дезинфициран и заситен со кислород” новозеландски воздух се продава во шишиња со волумен 7,7 литри и чини 219 јуани (малку повеќе од 30 долари). Продавачите велат дека секое шише овозможува на купувачот да вдишува 180 пати. За посиромашните доаѓа воздух од Канада – тој чини 108 јуани (16 долари).
За најекономичните кои одлучуваат сепак да имаат корист од предлогот за чист воздух, има кинески воздух од реонот на градот Вејхај (5 јуани или 0,7 долари). За Кинезите, кои живеат во најзагадените и со густ смог градови, на пример Пекинг, е предвиден систем од попусти. Не сите ја ценат можноста. “Го подишав овој воздух, голема разлика не осеќам”, изјави во социјалните мрежи еден од купувачите на воздухот. Во Кина поради високата концентрација на загадување на воздухот од индустријата, небото над градовите со многу фабрики периодично се крие во смог. Во декември 2015 година, властите во Пекинг беа принудени да воведат највисоко “црвено” ниво на еколошка тревога поради опасноста од силен смог. Тогаш пекиншкиот центар за еколошки мониторинг соопшти дека содржината на опасни за здравјето честички во воздухот ги надминува нормите на Светската здравствена организација (СЗО) 20 пати.