„Стави до знаење дека ќе зборува за сè и сешто“: Вујкото на Кејт Мидлтон влегува во реално шоу?

од Stefanija Kuzmanovska
754 прегледи

Гери Голдсмит (58), вујкото на Кејт Мидлтон, се шпекулира дека ќе учествува во реалното шоу Celebrity Big Brother.

Имено, контроверзниот бизнисмен, брат на Керол, мајката на Кејт, преговарал со челниците на споменатата куќа за договор кој ќе ги помести сите граници.

Тој не можел јавно да зборува за деталите, бидејќи потпишал договор за доверливост.

„Гери се бореше да влезе во Celebrity Big Brother. Тој ги финализираше условите од својот договор и едвај чека да влезе во куќата“, изјавил извор за TheSun.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Point De Vue (@pointdevue)

Да потсетиме, минатата година Гери беше на аудиција за реалното шоу I’m A Celebrity, но беше одбиен во последната фаза од страв дека тоа би можело да ги посрамоти Кејт и принцот Вилијам. Сепак, тој е една од најконтроверзните фигури кои потпишале договор со CBB.

„Тимот на CBB го сака поради неговата врска со Кејт и фактот дека е самоуверен и гласен и нема да се воздржува. Тој јасно стави до знаење дека ќе зборува за сè и сешто, и дека е доста отворен кога станува збор за Хари и  Меган“, додава изворот.

Слични содржини