Стејт Департментот бара С. Македонија и Бугарија брзо да ги решат билатералните спорови

од Nikola Popovski
177 прегледи

Соединетите Американски Држави (САД) побарале од Македонија и Бугарија да ја деескалираат својата реторика. Ова го изјавил портпаролот на Стејт Департментот.

-Ги повикуваме Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат овие билатерални спорови. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатланска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот, пренесе ВОА.

Тензиите меѓу Скопје и Софија повторно се вжештија пред чествувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков изјави дека Софија е подготвена за деескалација во односите со Скопје под одредени услови. Според него, најважен услов е вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Слични содржини