Стефан Богоев нов потпретседател на СДСМ

од Milan1

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да бидат избрани четворица потпреседатели на СДСМ.  Како што дознавме од наши извори Стефан Богоев ќе биде еден од четворицата избрани потпреседатели на СДСМ.

Стефан Богоев е поранешен градоначалник на Општина Карпош. Тој на локалните избори во 2017  победи во првиот круг со освоени 57,70% од вкупните гласови. Претходно на парламентарните избори во 2016 бил избран за пратеник на списокот на СДСМ во првата изборна единица.

Тој е дипломиран економист на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје.

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики, со кој би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема, што значи повторно негово активирање во СДСМ.

Повоторно активирање во СДСМ најви и докторот Андреј Петров.

Се видовме и разговаравме со Димитар Ковачевски, но сè уште не ми е познато каков ќе биде мојот ангажман во партијата, изјавил за НоваТВ поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров.

– Да, разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа,  изјавил Петров.

 

Слични содржини