Стефан Марковски добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во Хрватска

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Македонскиот писател Стефан Марковски е единствениот македонски претставник на овогодинешното 10-то јубилејно издание на тридневниот поетски фестивал „Денови на пријателите на книгата“ во Риека, кој ќе се оддржи од 9 до 12 ноември годинава.

Според фестивалската програма, на првиот фестивалски ден (9.11) во 18:00 во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ е предвидена промоција на двете последнообјавени дела на младиот македонски автор пред хрватската публика: поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ и збирката раскази „Смртта долетува насмевната“.