Стефанос Каселакис е новиот лидер на Сириза

од Vladimir Zorba
992 прегледи

Поранешниот министер и новодојденец на грчката политичка сцена Стефанос Каселакис (35) го презеде раководството на грчката левичарска партија Сириза, главната опозициска партија која се надева дека ќе се опорави од тешкиот изборен пораз што го претрпе оваа година.

Сириза дојде на власт во 2015 година во екот на грчката должничка криза, но загуби на изборите во 2019 година и во јуни годинава во конкуренција со конзервативната партија Нова демократија, пренесува Ројтерс.

Стефанос Каселакис е адвокат, поранешен соработник на „Голдман Сакс“, глобална инвестициска банкарска групација, транспортен претприемач и поранешен министер.

Слични содржини