Стефанова: Мислењата за пуштање од куќен притвор и враќањето на пасошите се потпишани од Јанева

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Согласно законот за СЈО сите одлуки, секој спис кој излегува единствено го потпишува Катица Јанева. Или во нејзино име овластени обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука излезена од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од куќен притвор, ниту враќањето на пасошите на Панделски и Камчев.

Ова го иизјави специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова и демантираше дека во нејзиниот дом е извршен претрес.

Таа додаде дека не стравува за својата иднина и нема зошто да бидам инволвирана.

– Не знам дали Јанева треба да стравува, кратко рече Стефанова.