Стефковски: Пронајдени остатоци од изгорена гуми и ракавици кај Смилковско езеро

од Nikola Popovski
22 прегледи

Пожарот што синоќа избувнал во областа кај Смилковско езеро е подметнат, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој ги објави доказите за ваквото тврдење – остатоци од изгорена гума и ракавици. Во моментов пожарот е локализиран.

-Се е јасно, пожарот е подметнат. Жално е ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени, порача Стефковски.

Од Центарот за управување со кризи синоќа информираа дека интервенирале 5 противпожарни возила на Град Скопје со 16 пожарникари и 2 специјални интервентни возила на Дирекцијата за заштита и спасување.

И градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на Фејсбук објави дека пожарот е подметнат и дека има многу очевидци кои дале изјави во МВР.

Сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, откако вчера затворени извесен период.

Слични содржини