381
Премиерот не може да ѝ помогне на Бугарија, тие мора сами да се справат со темните страни од своето минато, изјави денеска министерката за култура Ирена Стефоска, во однос на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев.
Таа додаде дека е убедена дека премиерот сака да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да и помогне на Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато.
– Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – темни и светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции, изјави Стефоска.